Можам ли да земам нов кредит пред да го затворам тековниот во Credissimo?
Да, можеш да го рефинансираш тековниот кредит ако ги исполнуваш условите за рефинансирање. Пополни апликација за Credissimo плус до 120.000 ден., преку твојот кориснички профил или јави се на 15 020. Одлуката за тоа дали ќе ти биде одобрено рефинансирање е на кредитен експерт. При евентуално одобрување, парите веднаш ги добиваш на твојата сметка.
Можам ли да го револвирам кредитот?
Револвирањето е продолжување на рокот на отплата на кредитот. Нудиме опција за продолжување на кредит Credissimo до плата. За да го направиш тоа пиши ни имејл на support@credissimo.mk или јави се на 15 020.
Може ли да го преструктурирам тековниот кредит?
Да, доколку сакаш да извршиш промена во износот на месечната рата или рокот на отплата, нудиме можност за преструктурирање на кредитот. Доколу имаш потреба да го преструктурираш твојот кредит испрати си апликација преку твојот кориснички профил или јави се на 15 020.
Ако го отплатам кредитот предвреме, дали должам казнени такси и провизии?
При предвремена отплата не се наплаќаат никакви дополнителни трошоци или провизии.