Chat with us, powered by LiveChat

Како да ја платам ратата / кредитот?

Како и каде можам да ги платам ратите за кредитот?

Уплата може да извршиш во банка, онлајн преку електонско банкарство или во пошта на една од нашите трансакциски сметки. 

Повеќе информација за уплатата и трансакциските сметки можеш да најдеш тука .

 

Може ли друго лице да изврши уплата за мене?

Да, може друго лице да изврши уплата за тебе. Задолжително е во “Цел на дознака” на уплатницата да го напише твојот матичен број или бројот на твојот договор. 

 

Што да направам ако не можам да го плаќам кредитот?

Aко имаш потешкотии со враќањето на кредитот или со уплатата на месечните рати за кредитот, контактирај не. Наш вработен ќе ти помогне и ќе ти даде најдобар совет за конкретната ситуација.

 

Како да платам ако сум во странство?

Ако си надвор од државата уплата може да извршиш онлајн преку електронско банкарство или друго лице да плати за тебе. Задолжително е во “Цел на дознака” на уплатницата да го напише твојот матичен број или бројот на твојот договор. 

 

Како да ја дознаам сумата за целосна предвремената отплата на мојот кредит?

Информација за предвремена отплата може да ти даде наш вработен на телефон 15 020, исто така можеш да ни пишеш и на некоја од платформите за писмена комуникација тука .

Дали одговорот ти помогна?

0 од 0 го сметаа ова корисно