Што е кориснички профил, како да си направам и зошто служи?
Кориснички профил е твојот личен профил во Credissimo, каде што можеш да најдеш информација и документи за тековните кредити, како и податоци за твојата кредитна историја кај нас. Можеш да ги редактираш личните податоци брзо и лесно, да прикачиш слики од валиден личен документ и да испратиш апликација за кредит само со неколку кликови, без да ги воведуваш податоците повторно при секое ново аплицирање.
Како да си направам кориснички профил?
Ако се уште немаш кориснички профил, можеш да си направиш во 3 чекори пополнувајќи апликација за нов кредит:
1. Избери износ, рок на исплата и се регистрираш пополнувајќи ги останатите податоци од првиот чекор;
2. Пополни ги твоите лични податоци на следниот чекор;
3. Воведуваш информации за твојот кредит и влегуваш во Мојот профил.
Во твојот кориснички профил можеш да ги видиш сите информации за твоите кредити.
Како да се најавам во профилот?
Имаш создаден кориснички профил ако си бил наш клиент или имаш испратено апликација за кредит. Може да се најавиш во профилот со твојата е-маил адреса и лозинка овде .
Кое е моето корисничко име?
Твоето корисничко име е твојата е-маил адреса што ја имаш доставено при првото аплицирање за кредит кај нас. Доколку си ја заборавил, може да не контактираш на 15 020. Наш вработен ќе ти понуди соодветно решение.
Задолжително ли е да имам профил за да аплицирам за кредит?
Автоматски со пополнувањето на апликација за кредит како нов клиент, создаваш кориснички профил во кој подоцна ја гледаш целата информација поврзана со твоите лични податоци, кредити, документи за кредититите и кредитната историја кај нас.