Како и од каде да испратам апликација за кредит од Credissimo?
- Испрати апликација целосно онлајн со пополнување на краток формулар на нашиот сајт;
- Можеш да поднесеш барање за кредит и со јавување на тел. 15 020;
- Преку твојот кориснички профил.
Какви податоци ми се потребни?
За да аплицираш за кредит, потребно е да имаш важечки документ за идентификација (лична карта или пасош), личен имејл, мобилен телефон, трансакциска сметка и едно дополнително лице за контакт.
Дали има провизија за испраќање на барањето за кредит?
Поднесувањето на барање за кредит е целосно бесплатно.
Кои се условите за испраќање на барање за кредит?
- Да си полнолетен.
- Да имаш важечки документ за идентификација.
Задолжително ли е да посочам лице за контакт?
Да, за да испратиш апликација за кредит, потребно е да наведеш лице за контакт, кое што ќе го исконтактираме при разгледување на барањето. Лицето треба да е полнолетно и да има сопствен мобилен телефонски број. Може да биде твој роднина, пријател или колега.
Лицето за контакт не е жирант!
Може ли да се откажам од бараниот кредит откако ми е одобрен?
Да, можеш да се откажеш од одобрен кредит. Испраќањето на апликација за кредит не те обврзува со договор.
Како да ги испратам сликите од личниот документ?
- Сликите од предната и задната страна може да ги прикачиш додека ја пополнуваш апликацијата во одредените полиња.
- Доколку пропуштиш да ги прикачиш сликите на самата апликација, може да ги испратиш преку некоја од нашите платформи за комуникација - https://credissimo.mk/mk/contacts.
- Може да ги прикачиш и преку твојот кориснички профил, во секција “Лични податоци”.
- Сликите може да бидат прикачени и преку линкот, што го доби во СМС порака при одобрување на апликација.
Дали навистина сè се случува онлаjн?
Да, пополнувањето и испраќањето на барањето за кредит, како и потпишувањето на договорот се вршат целосно онлајн, без трошоци за аплицирање и без потреба од посета на канцеларија. По одобрувањето, веднаш го добиваш одобрениот износ на твојата трансакциска сметка.