Chat with us, powered by LiveChat

Како да го потпишам договорот?

Како да го потпишам договорот за кредит?

Потпишувањето на договорот се реализира целосно онлајн. 

ФД Кредисимо ти праќа Договор за потрошувачки кредит на имејл и во твојот кориснички профил. Добиваш и смс код за потпишување на документите на твојот телефон наведен во апликацијата. Договорот се потпишува кога ќе го внесиш СМС кодот во определеното поле, кое што ќе го видиш кога ќе кликнеш на “Линк за потврда и потпишување“, потоа одбележуваш “Изјавувам” и кликнуваш на “Потпиши“. 

 

Каде да го најдам договорот за кредит?

Ако имаш одобрена апликација, договорот за кредит е испратен на твојот имејл и во твојот кориснички профил. Доколку не го наоѓаш договорот во “Inbox” провери во папките “Spam” и “Junk” или во корисничкиот профил.

 

Како да дознаам дали сум одобрен?

По испраќањето на апликацијата за кредит, таа се разгледува од кредитен експерт. Oдговор добиваш на твојот мобилен телефон, на имејл и во твојот кориснички профил. 

 

Можам ли да се откажам од кредитот?

Да, имаш право да се откажеш од кредит со писмено известување доставено до ФД Кредисимо најдоцна во рок од 14 дена од денот на склучувањето на договорот. Преземи образец.

 

Кога и како можам да ги добијам парите?

Одобрувањето на кредитот е само неколку минути по испраќањето на апликацијата. Веднаш по одобрувањето, парите ги добиваш на твојата лична трансакциска сметка. 

 

Може ли одобрената сума да биде преведена на трансакциска сметка на друго лице?

Согласно Законот за заштита на лични податоци сумата може да биде преведена само на твоја лична трансакциска сметка.

Дали одговорот ти помогна?

0 од 0 го сметаа ова корисно